Информации

Информации

Ценовник и работно време

Работно време

Отворено 365 дена годишно!

Кодекс

Кодекс на однесување

Строго забрането хранење и вознемирување на животните!

Строго забрането тропање по стакла и огради и прекачување во забранети зони

Забранет влез со миленици, велосипеди, тротинети и ролери

Децата мора да се во присуство на родител или старател

Често поставувани прашања

Ваш водич низ најчестите прашања за зоолошката градина, со информации што ќе ви помогнат да ја испланирате и уживате во посетата.

Тука сме за тебе – контактирај нè.

Дали е отворена Зоолошката градина во Скопје во недела?

Зоолошката градина работи буквално секој ден од годината, 365 дена, работиме и за сите празници и викенди.

Ноември, декември, јануари и февруариод 09:00 до 16:00 часот
Март и октомвриод 09:00 до 17:00 часот
Април и септемвриод 09:00 до 18:00 часот
Мај, јуни, јули и августод 09:00 до 19:00 часот

Цената на билетот за влез во Зоолошката градина е 80,оо денари, а за Дино Парк е 50,оо денари.

Деца до 3 години не плаќаат билет, а над 3 години е 80,оо денари.

Хранењето на животните во Зоолошката градина е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Животните имаат своја нутритивна табличка на хранење и добиваат првокласна здрава храна, согласно нивниот вид и потреби. Затоа секоја храна дадена од посетителите може да им наштети.
Доколку сакате да имате уникатна можност за хранење животни во присутност на зоонегувател во зоолошката, јавете се на 071/269-548 и проверете за кои животни може да се закаже хранење.
– Од април до октомври отворена е и Бејби ЗОО, каде што децата добиваат кесичка со храна за мали животни, можат да ги хранат и погалат, но и да научат повеќе за чување домашни миленици, а целта на ова катче е заеднички кај децата да ја зголемиме емпатијата и љубовта кон животните.

Во летниот период од мај до септември секој викенд има јавање на пони коњ за мали дечиња по цена од 50,оо денари.

Бејби ЗОО работи секој ден во топлите месеци и цената на билетот е 20,оо денари. Децата добиваат кесичка со храна за мали животни, можат да ги хранат и погалат, но и да научат повеќе за чување домашни миленици, а целта на ова катче е заеднички кај децата да ја зголемиме емпатијата и љубовта кон животните.

Не е дозволен влез со домашно милениче во Зоолошката градина.

Возењето на било какви превозни средства од страна на посетителите, вклучувајќи тротинет, ролери или велосипед е строго забрането.

Строго е забрането да се фаќаат и вознемируваат животните, или пак да се прескокнува оградата за да се дојде поблиску до нив. Со оглед на големата фреквенција на луѓе и најбезопасното животно може да се вознемири и да ве повреди.