Првиот роденден на Мики – малата голема победа на гибончето

Инспиративна приказна

Од мало и повредено бебе, Мики денес е вистински мал борец и радост за сите нас ❤️
Неговата приказна е доказ дека со грижа, посветеност и љубов се спасуваат животи. Мики стана нашиот мал херој и инспирација за сите посетители на Скопје ЗОО.

За настанот

Фотографиите се од роденденската прослава во чест на Мики, настан на кој преку едукација ја доближивме до посетителите важноста за заштита на природните живеалишта на гибоните, кои се загрозен вид.
Овој настан беше симбол на надеж и љубов, потсетник колку е важно да ги штитиме и почитуваме дивите животни.

Приказната на Мики

Мики како бебе, на возраст од само неколку месеци, беше отфрлен од мајката и се соочи со сериозни повреди на главата и епилептични напади. Во тие критични моменти, неговиот живот зависеше од човечка грижа и посветеност.

Нашата зоонегувателка Зера, 24 часа дневно, без ниту еден момент да остане сама, беше покрај него, со мала помош од колешките дадилки. Со многу љубов, трпение и стручна грижа, Мики денес е здраво, активно и разиграно младо гибонче.

Поучна порака

Преку оваа прослава сакаме да ја споделиме инспиративната приказна на Мики и да потсетиме дека гибоните се загрозен вид кој има потреба од заштита.
Истовремено, сакаме јасно да укажеме дека мајмуните не се домашни миленици, а човечката грижа во случајот на Мики беше единствена шанса за негов опстанок.

Поучна порака

Преку оваа прослава сакаме да ја споделиме инспиративната приказна на Мики и да потсетиме дека гибоните се загрозен вид кој има потреба од заштита.
Истовремено, сакаме јасно да укажеме дека мајмуните не се домашни миленици, а човечката грижа во случајот на Мики беше единствена шанса за негов опстанок.

Благодарност и прослава

Овој настан беше можност да им оддадеме признание на сите кои беа дел од спасувањето на Мики, особено на колешката Зера за нејзината неверојатна пожртвуваност, како и на целиот тим кој учествуваше во лекувањето, рехабилитацијата и секојдневната грижа.

Денес, Мики е успешно ресоцијализиран и живее заедно со својата сестричка Делфина ❤️
Посетителите можеа да ја почувствуваат оваа емотивна приказна и да прослават еден мал, но голем животен триумф со нас.

Сподели:

Содржина: